Големата ѕвезда на УФЦ, Конор Мек Грегор се пофали со нов сјаен часовник. „Озлогласениот“ изјави дека купил нов Ролекс како оној што го носеше легендарниот рапер 2Pac пред години.
На крајот на минатиот месец, Мек Грегор загуби од Дастин Пориер со нокаут и собра повеќе од 20 милиони долари.
Мек Грегор победи само во една од последните четири битки во боречките спортови, но парите во банка продолжуваат да растат. Тој е категоричен дека ќе продолжи да се бори и да ја подобрува својата одбрана, за да може повторно да ги израдува навивачите.
Мек Грегор е голем љубител на скапи часовници и пред битката со Пориер фрли над 2 милиони фунти за нови часовници. 32-годишниот Ирец веќе има скор 22-5 во ММА.