Мек Грегор се враќа! 10 дена откако се пензионира!?

Конор Мек Грегор потврди дека ќе го прекине повлекувањето – по втор пат.

Ирецот на социјалните мрежи објави порака со која најави враќање. А очигледно имала за цел да биде нешто и како полуизвинување или пеглање на ситуацијата во која се најде откако ја нарече жена му на Хабиб Нурмагомедов „крпа“ и на тој начин нанесе навреда на голем дел од муслиманското население.

„Сакам да продолжам напред, заедно со сите мои фанови од сите вери.

Секоја вера, колку и да е различна, цели луѓето да станат подобри. Светот е еден и е за сите.

Ќе се видиме во октагонот“.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, се грижи да не го испушти најдоходовниот борец и затоа изјави дека е подготвен да го направи среќен (но не и да му даде дел во УФЦ).

Сепак, како да се договориле нешто, бидејќи Мек Грегор е повторно на линија, а по жестоките навреди меѓу него и Нурмагомедов изгледа следната битка е сосема јасна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON