Мек Грегор се почести со луксузна вила во Шпанија (ВИДЕО)

Иако не се бори уште од август 2017 година, а во УФЦ не настапувал од 2016 година, Конор Мек Грегор ужива во животот. Во исчекување на судскиот процес во кој тој треба да се појави во американскиот Бруклин заради нападот врз своите колеги УФЦ борциUFC, „Озлогасениот“ се почести со вила во Шпанија.

MESN.com во видео прилогот јавува дека Ирецот купил куќиште вредно околу 1,5 милион евра, и ни прикажува фотографии од неговото здание. Таа се наоѓа во шпанскиот Марабели, има сала за тренинзи, отворен базен, внатрешен спа дел и LED приод.

„Озлогласениот“ е познат по луксузниот живот, поради што често е мета на шоубизнис медиумите. Па така разни портали кои се занимаваат со луксуз и животот на ѕвездите ја анализираат неговата колекција на Ролекс часовници, а некои други го анализиираат неговиот возен парк кој се состои од неколку Бентли и други скапоцени машини.

Само од мечот против Флојд Мејведер заработи стотина милиони долари, па таа залиха би му траела уште некое време. Но, ако продолжи вака да троши, сигурно многу брзо пак ќе го видиме на борилиштето…

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON