Конор Мек Грегор покажа зашто е мангуп, па така во Даблин во еден паб, освен што се воодушевиле гостите кога го виделе, биле почестени пијачка од него.
Како што објавија ирските медиуми, Мек Грегор бил во Даблин за да донесе од своето виски „Пропер 12“, па во еден паб се појавил за Божиќ, каде имал состанок со газдите. И решил да го почести целиот паб со пијачки. На крај си платил – 4.000 евра.
„Тој е неверојатен. Дојде во пабот и сите ги почести со пијачка. Цехот мислам дека беше околу 4.000 евра. Тој никогаш не заборави од каде потекнува. Тој е глобална ѕвезда, но никогаш не ги заборави корените, пријателите“, изјавил еден од вработените во пабот.
https://www.instagram.com/p/BrtlmsXDUQ5/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_script
https://www.instagram.com/p/BrteL7FjWy4/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_script
.