Конор Мек Грегор сака да му се врати на боксот, а за ваквата желба инспирација му беше синоќешниот спектакл во Медисон сквер гарден во кој предизвикувачот Енди Руиз го порази поранешниот шампион Ентони Џошуа.
Ирскиот ММА борец испрати честитки до новиот шампион, а изрази и пофални зборови за мексиканските борци, со кои имал можност да се соочи во рингот.
„Од прва рака знам колку цврста брада имаат Мексиканците. Се креваат од подот како во некаков трилер. Со нив никогаш не е готово додека не биде готово“, напиша Мек Грегор.
Сепак, Ирецот не застана тука, по овој дуел посака да се врати на рингот, дури и го предизвика Флојд Мејведер на реванш, со кого се соочи на боксерскиот меч во 2017 година. Конор тогаш го изгуби мечот, но од него заработи најмногу во кариерата.