Мек Грегор сака да биде како Роки во мечот со Хабиб Нурмагомедов во Русија

Иако го чека борбата против Флојд Мејведер на боксерскиот ринг на 26 август, актуелниот шампион во лесната категорија на УФЦ, Конор Мек Грегор ги прави плановите за потоа. Ирецот ја коментира можноста да се бори со непобедениот Хабиб Нурмагомедов во Русија.

„Ова е дефинитивно нешто што го сакам. Тоа ќе биде спектакл. Ќе биде нешто како од филмот Роки. Нели, целата приказна е исто како оттаму? Зошто да не се сретнам со него во неговата татковина – откачено место како Русија?

Многу би сакал да се случи тоа. Има и уште неколку други варијанти. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите“.

Другите опции за кои Мек Гргеор зборува, најверојатно се трет дуел со Нејт Дијаз или меч со предизвикувачот Тони Фергусон. А зошто не и дуел во полусредна категорија? Пред сè, сепак, треба да видиме дали Ноториус ќе има желба за враќање во ММА по боксерската авантура.

„Верувам дека ќе се вратам“, одговори тој на прашањето дали ќе се бори во 2017-тата во октагонот. „Верувам дека ќе излезам од претстојната битка без гребнатинка“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON