Официјално е! Хабиб Нурмагомедов ќе ја брани шампионската титула на УФЦ 229, каде што ќе се обиде да му ја одземе Конор Мек Грегор!
УФЦ малку се поигра со медиумите и фановиоте кои се надеваа на најава на оваа борба на прес-конференција која вечерва се одржува во Лас Вегас. Кога Хабиб и Конор не се појавија, улседи прашање, а Дана Вајт одговори дека се работи на борбата и дека надева оти наскоро ќе биде договорена. Така помина целата прес-конференција за истата Дана Вајт да ја одјави велејќи дека мора да покажат само уште едно видео.
И тогаш сепојави првата официјална најава со која борбата стана службена, со воодушевување на преполната сала. Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов ќе влезат во кафезот за нешто повеќе од два месеци, односно на 6 октомври и тоа ќе биде главната борба на УФЦ 229. Така Ирецот се враќа по речиси две години во обид да го врати појасот кој е изгубен поради неактивност.
Дали ова ќе биде најголемата и најпродаваната битка во историјата? Може да се претпостави, всушност, ова е борбата што секој сака да ја види и за која во следните два месеца ќе се прават многу анализи. Го сакале или не, Конор сигурно ни недоставуваше. Шоуто нека тргне!