Мек Грегор проговори за одземањето на појасот: Им давате титули на типови кои веќе ги уништив!

mek-gregor-zamislen

Шампионот на УФЦ во лесна категорија, Конор Мек Грегор, во интервју за РТЕ на различни теми, вклучително и за одземената титула во перо категорија.

„Не ми е гајле за тоа. Јас се уште сум шампион во две категории. Од УФЦ можат да се обидуваат да кажат што им одговара. Вклучувајќи го и вадењето на површина луѓе кои сум ги победил. Актуелниот шампион е човек кого нокаутирав за 13 секунди. Привремениот шампион Макс Холовеј е човек кого исто така го нокаутирав. Официјално не ми е гајле кој што зборува. Јас сум шампион во две категории и тоа е“.

Одамна се зборува дека Конор може да се проба во бокс дуел со легендата Флојд Мјеведер. Тој вели дека ништо не е чудно еден ден да се испроба и во боксот.

„Може да одлучам да го покорам и светот на боксот. Ова е многу сериозна мисла. Ќе видиме. Има обиди за контакт и од страна на оние луѓе во кечерството (WWE). И Холивуд ме бара. Ги имам сите опции“.

Мек Грегор најави дека ќе одмора од спортот, но се уште не знае кога точно ќе се врати во октагонот. Тој се довери дека сака да се сретне и со новите сопственици на УФЦ од ВМЕ-ИМГ.

„Знам дека Дана вајт зборува за десет месеци, во кои нема да ме има. Не знам. Почит спрема вашите опции. Очекувам разговори. Сакам да зборувам со Ари Емануел и Патриквитесел – луѓето кои го купија УФЦ за 4 милијарди. Сакам да разговарам со нив“.

„Сакам да видам каков е нивниот план, бидејќи во моментов никој не знае за него. Се што знам е дека во моментов тие се обидуваат да рангираат „ние го земаме тој и тој појас, го правиме тоа и тоа“. Нема да правите ништо, без претходно да разговарате со мене. Подготвен сум за сите“.

https://youtu.be/rvvvrFFczY8

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON