Мек Грегор: Прецизноста ја победува снагата, а времето ја победува брзината; Алдо: Ова не беше борба

Konor mek gergor sedi na kafezot

Конор Мек Грегор со рекордно брз нокаут ја обедини титулата во перолесна категорија.

„Никој не може да ја издржи левицата. Моќна е и брза е. Но, прецизноста ја победува снагата, а времето ја победува брзината, тоа е она што го видовте овде. Јас сочувствувам со Хозе. Тој беше феноменален шампион. Заслуживме да трае малку подолго. Но, ова ќе се случеше порано или подоцна“, изјави Ирецот по неговата победа.

Хозе Алдо до УФЦ 194 беше единствениот шампион во перолесна категорија во историјата  на УФЦ.

„Мислам дека е потребен реванш, бидејќи ова не беше борба. Мислам дека треба да се врати тука. Неговите навреди воопшто не влијаеја  на мене. Ќе мора да се вратиме“.

Претседател на УФЦ, Дана Вајт, изјави ако Мек Грегор го  победи Алда дека ќе организира реванш во Корк парк стадионот во Даблин. Исто така, на Френки Едгар му е ветена борба за титулата, па ќе видиме дали долгогодишниот шампион веднаш ќе добие шанса да си го врати појасот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON