Поранешниот шампион во перо и лесна категорија на УФЦ, Конор Мек Грегор, пак се токми за победа над Дастин Пориер. Тие вербално се согласија да се борат на 23 јануари 2021 година на главниот настан на УФЦ 257.
Ова ќе биде втора борба меѓу нив, но овој пат ќе биде во друга категорија. Пред шест години Мек Грегор и Пориер се бореа во перо категорија, а Конор победи со нокаут во првата рунда. И двајцата се развија во борци од класа по првиот дуел, а вториот ќе бидат уште поинтересни.
На социјалните мрежи, „Озлогласениот“ објави постер од нивната битка и напиша дека тој повторно ќе го смете подот со својот противник. Ова покажува дека Конор повторно ќе бара нокаут на овој меч.
„Повторно ќе му го истресам правот Дастин Пориер“, порача Мек Грегор.
Во последна борба, во јануари оваа година, Мек Грегор го нокаутира Доналд Цероне за 40 секунди.
https://www.instagram.com/p/CGXsWSMJ8Mz/?utm_source=ig_embed
.