Без разлика што мислење имате за него, Конор Мек Грегор знае како да привлече внимание и да сврти големи пари. Ирецот патува во САД за да потпише нов договор со UFC и очекува најголема заработка до сега.
Мек Грегор во емисијата ММА час го најави потпишувањето на големиот договор, а се очекува да ја надмине вредност над 100 милиони долари. Времениот шампион смета дека оваа цифра е фер, бидејќи тоа е износот кој треба да ја осигура неговата борба со Хозе Алдо на настанот УФЦ 194.
“Договорот за кој зборувам сега е со девет цифри. За девет бројки зборуваме. Никој во овој спорт е заработува со девет цифри. Зборувам за износ од повеќе од 100 милиони. Моментално така стојам и го направив тоа како што го направив“, изјави Мек Грегор.
Ирската ѕвезда преку Инстаграм објави дека тргнува да потпишат договори со следнава порака:
„Денес ја напуштам Ирска и патувам до западниот брег, со цел да го обединам својот појас и да го предводам 90-100,000,000 долари вредниот настан УФЦ 194. Овој настан, заедно со УФЦ 189 на организацијата ќе и обезбеди речиси 200 милиони долари. Сето тоа за помалку од шест месеци. Јас не работам за компанијата, јас сум фирма“.
Мек Грегор дефинитивно има нос за бизнис, а со оглед на тоа дека ги привлекува гледачите и на компанијата и обезбедува повисоки приноси од повеќето борци, ваквите цифри се оправдани. Ќе биде интересно да се види дали Ирецот ќе го одржи моменталниот успех и еден ден по заработувачкате ќе ја надмине боксерската ѕвезда Флојд Мејведер.