Конор Мек Грегор го следеше синоќешниот УФЦ Фајт најт во Форталеза и остана воодушевен од атмосфера што ја пиредија бразилските навивачи.
„Каква сјајна атмосфера на вечерашниот УФЦ. Посакувам во една фаза од мојата кариера да се натпреварувам таму за сите тие страсни бразилски фанови“, напиша поранешниот двократен светски првак на Твитер.
Ирска со пораката додаде и дека минатата година бил близу до настап во Рио де Жанеиро, со што потсети на преговорите за борба против Рафаел дош Ањош на УФЦ 224 настанот на кој, наводно, тие двајацата требаше да се пресметаат, при што победникот ќе го освоеше привременеиот појас во велтер категорија.
„Можеби следниот пат. Уи Ваи Морре !!! Сè уште сум овде“, заклучи Ирак.
Пораката на Мек Грегор на прес-конференцијата му е пренесена на Жозе Алдо кој беше воодушеве и подготвено се понуди да биде неговиот следен противник.
„Тоа би било одлично. Кога би имал можност во категоријата над оваа, тогаш не би требало да патам поради губењето на тежината. Мислам дека тоа би била одлича борба. Во првата немав шанса ништо да покажам … Тогаш тој ме погоди со одличен удар, но верувам дека во нова средба приказната ќе биде поинаква“, изјави Алдо на кого Мек Грегор на УФЦ 194 во 2015 година му го зеде појасот и така ја прекина неговата доминација во перолесна категорија.