„Борбата на векот“ како што беше наречена средбата меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор заврши, но фамата се уште не спласнува.
Покрај бројните коментари дека ова беше еден од најголемите маркетиншки трикови на векот, мора да се напомене дека во игра навистина беа огромни пари.
Ова беше прв меч за Мекгрегор по боксерски правила и УФЦ шампионот издржа десет рунди во рингот со непобедениот боксерски шамион.
Со оглед на тоа дека Ирецот заработи 100 милиони долари од борбата, иако изгуби, тоа значи дека секоја минута во рингот во Лас Вегас му носеше 3 милиони долари.
Мејведер, кој се врати од пензија за оваа борба, имаше само пофални зборови за својот соперник.
„Мекгрегор беше многу подобар отколку што си мислев. Тој е жесток борец, но јас бев подобар во овој меч. Тактиката ми беше да го оставам да се измори бидејќи знам дека тој како ММА борец е подготвен на само 25 минути жестока борба. После тоа физички опаѓа и јас го искористив тоа“, рече Мејведер.