Мек Грегор одлепи и го откажа мечот со Пориер

Скандалот меѓу поранешните пријатели Конор Мек Грегор и Дастин Пориер доби големи размери и Ирецот објави дека трилогијата меѓу нив нема да се одржи.

Претходно, Пориер објави дека Мек Грегор лажел за донацијата од половина милион долари, која Мек Грегор вети дека ќе ја направи за неговата фондација. Тие влегоа во жестока расправија.

„Ти си уценувач, селак. Еб*на тиква без мозок. 500 000 без никаков план како да се користи! Глупак. Очигледно дека си нов во работата со пари. Патем, нашиот меч е откажан. Ќе се борам со некој друг во топ 10. Среќно со твојот стар договор, дете“, напиша гневно Мек Грегор.

Одговорот на Пориер беше исклучително краток. Американецот напиша „ОК“ и додаде видео од нивната последна борба.

https://twitter.com/TheNotoriousMMA/status/1381624066105344000?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1381624066105344000%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fboec.bg%2Fmma%2Fmakgregr-otkachi-i-otmeni-dvuboya-s-porie%2F

Третиот меч Пориер и Мек Грегор требаше да го одржи на 10 јули во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON