Конор Мек Грегор (21-4, 9-2 УФЦ) се обидува преку медиумите да ја испере негативната слика за себе и планира кам-бек.
31-годишниот Ирец не се борел од октомври 2018 година, кога загуби со завршница во четвртата рунда од Хабиб Нурмагомедов во мечот за титулата во лесна категорија на УФЦ.
Последната победа ја оствари пред многу време, во ноември 2016 година, кога стана шампион во две тежински категории со нокаут против Еди Алварез.
Еден од борците кој го инспирира да се врати е и Стипе Миочиќ.
Американскиот Хрват направи превсрт во мечот со Даниел Кормиер и повторно стана шампион во тешка категорија.
„Погледнете како Миочиќ се врати по поразот со нокаут. Ја освои титулата против човекот што го нокаутира. Има многу такви приказни. Мојата цел е мојата да биде поголема од сите нив. Тоа е мојата цел”, рече тој за ЕСПН.
„Дури и Урија Фабер, мојот поранешен ривал / пријател. Се врати 40 години. Оваа игра е далеку од завршена за мене и јас сум многу возбуден. Само наидов на мала препрека на патот. Се обидувам да најдам рамнотежа и мотивација. Барам инспирација насекаде“.
Сепак, најголемиот мотив му е враќањето на најголемиот ривал Нејт Дијаз кој по тригодишно отсуство го победи поранешниот шампион Ентони Петис.
„Ме мотивираше да гледам како Нејт ја работи својата работа. Дури и самиот поглед на него беше одличен, беше возбудливо да го гледам како работи. Едно работа што би ја издвоил кога ќе речеше по борбата: Ние сме војска на Ник Дијаз. Искажа почит спрема неговиот брат. Се надевам дека Ник е добро. Се надевам дека Ник е добар. Тој е вистински војник во оваа игра и Нејт веднаш му оддаде почит. Затоа навивачите го сакаат Нејт. Затоа го сакам и го почитувам Нејт“.
„Дури и со неговите различни типови канабис и неговиот деловен потфат ме инспирира затоа што тој е во позиција да го направи она што го направив јас. Се надевам дека ќе го видам тоа“.