Конор Мек Грегор направи уште еден инцидент пред мечот против Дастин Порие, го нападнал бразилскиот ѕвер Рафаел дош Анчос, кој е замена во борбата меѓу Пориер и Мек Грегор.
Зад сцената се случил инцидентот, а Дош Анчос беше нервозен и порача дека нема лесно да се согласи на играта на Мек Грегор, како и дека ќе ги расчистат сметките еден ден.
„Каква змија си ти. Доаѓаш од зад грб и глумиш жестоко момче. Ќе го завршиме ова еден ден. Не сум како другите со кои си играш“, напиша Дош Анчос на социјалните мрежи.
Бразилецот требаше да се бори со Мек Грегор во 2016 година, но борбата беше откажана откако Дос Анчос го скрши стапалото, а во борбата се вклучи Нејт Дијаз кој го победи Ирецот.
CONOR YOU’RE SUCH A SNAKE, SNEAKING FROM BEHIND AND PLAYING TOUGH. SOON OR LATER WE WILL FINISH BUSINESS. I’M NOT LIKE THE GUYS YOU PLAY AROUND WITH.
— Rafael dos Anjos (@RdosAnjosMMA) July 9, 2021