Конор Мек Грегор и Доналд Цероне ја одработија прес-конференција пред борбата на 18 јануари.
Мек Грегор веројатно никогаш не бил посмирен на една прес-конференција. Истакна голем респект кон Цероне, но вети дека ќе го нокаутира.
„Подготвен сум за борба. Си поставив високи цели во новата година. Тешко е да не се покаже почит кон Доналд. Ја има мојата почит. Прогноза? Ќе биде нокаут“, изјави Мек Грегор.
Цероне едвај ја чека борбата.
„Одам во пет рунди и едвај ја чекам сабота. Ова е борба која ја чекав. Конор е посебен вид на борец и едвај, едвај чекам“, изјави Цероне.