Конор Мек Грегор може да е гаден на јазик и да не се плаши да го каже своето мислење за секој од борците во перо категорија, каде што стана привремен шампион, но кога зборува за Ронда Русеј, работите се сосема различни.
Неодамна, тој призна дека најверојатно ќе биде фрлен и ќе удри на главата, ако Ронда се докопа до него, присеќавајќи се на моментот на нивната случајна средба, кога ја пријателски ја прегрнал.
„Се колнам, нејзините грбни мускули беа најсолидните што сум ги сретнал во животот. Мислам, ако оваа дама ме фати, ќе ме дигне над главата, буквално, за една секунда. Не би сакал да влегувам во клинч со Русеј. Но, не изведувајте погрешни заклучоци. Имам начин да го добијам и овој дуел“.
А, еве ги доказите за тоа:
C’mon! Who wants to train with @RondaRousey ? #UFC190pic.twitter.com/IZYcQfw7gK
— Nancy Gay (@nancygay) July 29, 2015