Мек Грегор му порача на Махачев дека ќе се бори против него

Конор Мек Грегор не бил импресиониран од последниот меч на Ислам Махачев и најави дека тој ќе биде неговиот следен противник кога ќе се врати во октагонот по долгата пауза по скршеницата на ногата во мечот со Дастин Поирер минатото лето.

Махачев минатиот викенд го победи Боби Грин во Лас Вегас во првата рунда, откако најавениот противник Бенеил Дариуш го повреди скочниот зглоб на тренинг една недела претходно. Ова беше 10-та победа на Дагестанецот, кој има скор 22-1, при што најави дека сака борба за шампионскиот појас, нешто за што очигледно амбиции има и Ирецот.

„Ќе се борам со тоа го*но Махачев, без проблем. Засрамувачки меч пред некој ден. Срамотно удирање. Видете ме кога ќе се вратам. Исто како и претходно. Било кој. Било која тежина. Било каде. Борба полна со г*мна“, напиша Мек Грегор на Твитер.

https://twitter.com/TheNotoriousMMA/status/1499793340052746246?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1499793340052746246%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ftopsport.mk%2Fmiks%2Fmekgregor-najavi-kambek-vo-kafezot-protiv-mahachev%2F

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON