Мек Грегор му порача на Дијаз дека е подготвен за трета борба во средна категорија!

Нејт Дијаз и Конор Мек Грегор започнаа разговор околу нивниот трет дуел. Борецот од Стоктон сака средбата да се одржи во средната категорија и се чини дека Ирецот нема ништо против неговиот услов.

Дијаз на неговиот официјален профил на Твитер остави порака во која стои „185“ – тежинската граница за средна категорија (84 кг).

Неколку часа подоцна стигна одговорот на поранешниот шампион во перолесна и лесна категорија кој пореча дека тежината воопшто не му е битна.

„Мене веќе ме знаеш пријателе. Ме боли кур.т за килажата“, напиша Мек Грегор.

Веста дека Дијаз планира да се пресели во средната категорија минатиот викенд ја пренесе новинарот на ЕСПН, Брет Окамото. Информацијата ја дознал од Доналд Цероне, на кого Дијаз на УФЦ 235, разговарајќи за нивниот потенцијален реванш, наводно открил дека „повеќе не планира да симнува килограми“ и дека „може да се борат во средна категорија“.

Борбата вон вообичаената категорија не им е непозната на Мек Грегор и Дијаз, бидејќи двоецот нивнире две меѓусебни борби ги направија во велтер. Првпат на УФЦ 196, кога Дијаз славеше со давење од позадаи во втората рунда, што беше деби на Мек Грегор во категоријата до 77 килограми. На УФЦ 202 по барање на Мек Грегор се одржа на истата килажа. Во реваншот Озлогасениот успеа да се реваншира за поразот и во тесен меч славеше со одлука на судиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON