Конор Мек Грегор уживаше за цело време во Москва и имаше голем интерес кај руските фанови. „Озлогласениот“ одржа прес-конференција во која ги објави плановите за иднината и неговото долго очекувано враќање во кафезот, што ќе се случи на 18 јануари во Вегас.
Минатата година беше специјален гостин на Светското првенство на ФИФА 2018 и беше поканет од претседателот Владимир Путин. Ирецот не ја пропушти можноста да му даде на Путин шише од своето виски „Пропер бр 12“ и рече дека било тестирано дали е отровно пред да му биде предадено на претседателот:
„Деталите за безбедноста на претседателот Путин се најдобри, а сигурен сум дека знаете. Не може да си играте со Владимир. Му дадов шише виски, кое го зеде обезбедувањето.
Така, требаше да земат течност од шишето, за да се уверат дека е безбедна, а можеби и да не е затруена или нешто слично, а дури тогаш му беше дадено на Владимир Путин. Сигурен сум дека го пробал и дека му се допаднало“.
На социјалните мрежи неодамна се пофали дека неговото виски „Правило бр. 12“ ќе излезе во продажба на пазарот.