Во полната Т-Мобиле Арена во Лас Вегас се одржа мерењето за бокс мечот меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор.
Прв на вагата застана Ирецот и сопротивно на најавите на Мејведер, тој без проблем го помина мерењето, шампионот на УФЦ тежеше 69,4 килограми.
40-годишниот Американец имаше само 67,8 килограми. Борбата е договорена на 70 килограми.
„Изгледа полн со вода. Никогаш не изгледал полошо. Надуван е, нема да може да го следи моето темпо. Јас сум на врвот на физичката кондиција. Вечерта за време на битката ќе бидам многу потежок од него, веројатно на 77 килограми. Ќе се закопам на средината на рингот и да видиме дали може го издржиш тоа“, рече Мек Грегор по мерењето.
„Килограмите не носта победа во борбата, борбата носи победа во битката. Ова нема да оди до крај, верувајте ми. Ова нема да биде само мојата последена борба, исто така ова ќе биде последната борба на Конор Мек Грегор“, изјави Мејведер.
„Фановите не може да се борат за тебе. Сега сме само двајца натпреварувачи“, одговори Американецот на прашањето како се чувствува со оглед на тоа дека навивачите главно се на страната на Ирецот.
.