Конор Мек Gрегор скапо ќе го чини инцидентот на прес-конференцијата за УФЦ 202.
Спортската комисија на Невада (НАЦ) едногласно одлучи да го казни Ирецот со парична казна од 150.000 долари, односно 5 проценти од својата зарботувачка од 3 милиони профит со Нејт Дијаз.
НАЦ исто така на Мек Грегор му изрече казна од 50 часа општествено-корсина работа, и бара од него да учествуваат во кампањата против злоставување која ја организира Комисијата.
Прес-конференција за УФЦ 202 во Лас Вегас предвреме заврши кога Дијаз одлучи да ја напушти просторијата, а ситуацијата кулминираше со фрлање шишиња. Ирецот фрли лименка енергетски пијалок во насока на Дијаз и неговата придружба.
Инцидентот помогна УФЦ 202 да стане еден од најдобро продаваните ППВ во историјата на организацијата.
Адвокатот на Ирецот тврди дека се започнал Дијаз, а Мек Грегор по телефон се извинил за своите постапки.
„Само сакам да се извинам за инцидентот. Тоа беше многу необичен инцидент. Едноставно, лошо постапив и можам да кажам дека ми е жал и дека ќе научам нечто од ова. Во таа борба можев да изгубам сè. Тоа беше борба со најголеми влогови во која сум бил. Бев со променета состојба на умот. Сите може да направам е да научам подобро да се справувам со ситуацијата и да научам од тоа. Од своја страна само сакам да се извинам и да кажам дека тоа нема да се повтори“.
Сослушувањето на Дијаз повторно е закажано за понеделник, беше одложено на неодредено време.