Конор Мек Грегор беше под огромен притисок да импресионира на неговиот камбек во октагонот. Сепак, сето тоа го среди за само 40 секунди, односно го нокаутира Доналд Цероне и постави УФЦ рекорд – тој е прв ММА борец кој остварил нокаут победа во перолесна, лесна и велтер категорија.
Сега се редат шпекулациите за тоа кој ќе биде следен предизвикувач на Ноториус, а обожавателите најгласно навиваат за реванш со Хабиб Нурмагомедов.
По сензационалната победа на УФЦ 246, неизбежно следеше и прослава, која помина во стилот на Мек Грегор.
Забавата се одржа во клубот Енкор бич клубб во Лас Вегас, според објавите на социјалните мрежи, а Мек Грегор славеше со виски од неговиот бренд Пропер 12. Тој нагласи дека нема премногу да се препушта на забавување и пиење, бидејќи е фокусиран на идните борби.