Мек Грегор: Испишав историја, горд сум на тоа!

Конор Мек Грегор по спектакуларното врќање на УФЦ 246 во Вега со нокаут на Доналд Цероне за само 40 секунди собори и рекорд во најмоќната светска ММА организација, тој е првиот борец во УФЦ кој во три категории победил со нокаут.

„Вечерва испишав историја! Јас сум првиот борец во историјата на УФЦ кој победил во три различни категории, горд сум на тоа! Доналд беше рекордер со нокаути со нога и среќен сум што пресуди мојот удар со нога. Ударите со рамо беа интересни, јасно беше дека не очекуваше такво нешто“.

„Навистина сум пресреќен и горд. Кој друг се шетал низ категориите вака? Уште еднаш го запишав моето име во историјата. Поздрав до Ирците, до мајка ми, си одам дома со победа“, порача Конор по спектакуларниот нокаут.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON