Мек Грегор инсистира на спектакл во декември! А Дана Вајт?

Не престануваат секојдневните прозивки и дилеми ќе се врати или не Конор Мек Грегор во кафезот. Тој и шефот на УФЦ, Дана Вајт, се со спротовни мислења, Конор вели дека се враќа во декември, а извршниот директор не му верува. 

Ирската УФЦ суперѕвезда Мек Грегор не се борел веќе цели три години на светската сцена. Последната негова борба беше во јули 2021 година кога се здоби со скршеница на ногата во борбата против Дастин Поарие.

Планираното враќање во октагонот во јуни оваа година, против Мајкл Чендлер, мораше да го откаже поради повреда.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт изјави дека долго го очекува враќањето на Мек Грегор, но дека тоа нема да се случи пред крајот на годината. Сето тоа го фрустрираше поранешниот двократен светски шампион.

Мек Грегор на социјалните мрежи изрази незадоволство од сето тоа и побара од Вајт да му закаже борба за крајот на годината.

„Дана, декември е тој месец и тој датум. Да ја завршиме календарската година со победнички спектакл. Одам следниот месец на подготовки на висока надморска висина. Кажете му на Дана дека го заслужуваме декември“, напиша МекГрегор на Твитер.

Но, не се прашуваат само Вајт и Мек Грегор, јасно е дека се прашува и маркетиншкиот тим на УФЦ кој сака да „темпира“ маркетиншка „бомба“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON