Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов се двајца од најпознатите и најбогатите ММА борци во светот. Сосема е очекувано дека ќе ги следат милиони фанови ширум светот. Мек Грегор и Нурмагомедов имаат една од најжестоките расправии во историјата на боречките спортови.
Пресметката се пресели во кафезот во 2018 година во Лас Вегас. Мек Грегор постојано му се закануваше на Хабиб и го навредуваше по секоја основа. Хабиб ја задржа присебноста и му вети дека ќе го скрши во кафезот. Токму тоа се случи на УФЦ 229 во октомври 2018 година.
Нурмагомедов го казни Мек Грегор и го принуди да се предаде пред 20.000 луѓе во салата. Нивната борба сè уште е со најголема заработка во историјата на УФЦ со импресивни 2.400.000 платени прегледи. Оттогаш поминаа многу години, но нивното непријателство продолжува да тлее.
И додека Хабиб ги држи своите фанови и ги освојува ширум светот, Мек Грегор губи илјадници приврзаници. Конор постојано се разоткрива и прави грешки што ги тера луѓето да се оддалечуваат од него. Минатата година Конор беше прогласен за виновен за силување во својата татковина.
Тоа му донесе многу критики и омраза кај сонародниците. Моментално му се суди за силување и во Флорида. Инстаграм страницата Ред корнер ММА спроведе интересна студија која покажува како Хабиб и Мек Грегор се развиваат на социјалните мрежи.
Во мај 2024 година Конор Мек Грегор го достигна својот најголем број следбеници на Инстаграм со 47.685.569 милиони. Сепак, моментално има 46.949.624, што значи дека оттогаш изгубил 735.945 следбеници.
Од друга страна, Нурмагомедов ја започна 2024 година со 36.643.916 милиони следбеници и ја заврши со 38.478.457 во 2025 година. Ова покажува дека Хабиб за 1 година добил 1.834.541 следбеници.
Мек Грегор беше инспирација за милиони ширум светот, но неговите скандали во личниот живот предизвикаа згрозеност и повлекување. Тој продолжува да греши и во иднина уште повеќе луѓе ќе престанат да го следат.
View this post on Instagram