Мек Грегор доби 6-месечна меидцинска забрана за настап

Пред два дена Конор Мек Грегор беше поразен од Дастин Пориер, заради тоа доби медицинска забрана во следните шест месеци да смее да бори.

Пориер го нокаутира Мек Грегор во втората рунда, а поради тежината на ударите медицинската комисија на УФЦ го суспендираше Ирецот на период од 6 месеци.

Суспензијата по борба е вообичаена за да за се заштити здравјето на борците, а должината на траење зависи од тежината и бројот на примени удари.

Мек Грегор беше повреден во десната потколеница и поради тоа нема да има борби во наредните 180 дена. Впрочем, тоа го предвиде и првиот човек на УФЦ Дана Вајт.

Тоа значи дека нова средба меѓу Пориер и Мек Грегор може најрано да има кон крајот на јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON