Конор Мек Грегор упати зборови кон Хабиб Нурмагомедов, кои на Русинот секако дека нема да му се допаднат. Ирецот го предизвикува УФЦ шампионот со дрски зборови, сака да го натера Хабиб на борба во оваа 2020 година. Секако дека тоа ќе биде борба на деценијата во УФЦ. Да потсетиме дека Конор минатата година загуби од Русинот во спектаклурна борба.
„Тој човек стравува од мене, едноставно не сака дуел со мене. Можам да насетам ср..е, многу му е страв и тоа е тоа. Сепак сите останати, па и шефот на УФЦ Дана Вајт ја сакаат таа борба. Може да бега, но не може да се сокрие. Се радувам уште отсега на тој меч“ истакна Конор Мек Грегор.
Инаку Ирецот на 18 јануари има закажан меч со Американецот Доналд Цероне во Лас Вегас. Додека Хабиб го чека меч со Тони Фергусон. Се очекува Конор и Хабиб да победат и за неколку месеци во еден епски натпревар одново да покажат кој е најдобар во светот.