Мек Грегор до Абделазис: Ќе славам кога ќе умреш

Расправијата меѓу таборите на Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов повторно се разгоре. Пред неколку дена, Хабиб го исмеа Мек Грегор користејќи инцидент што се случи во Москва. Тројца Дагестанци претепале Русин кој бранел девојка.

Жртвата на тепањето доби медал за храброст, а Хабиб предложи да му се даде на Мек Грегор. Конор не остана без одговор и рече дека Хабиб пред неколку години ги наполнил панталоните во автобусот.

Конор и неговите пријатели тргнаа да го нападнат Нурмагомедов кој беше во автобус на УФЦ со други борци. И Али Абделазис, менаџерот на Нурмагомедов, интервенираше во нивното непријателство на социјалните мрежи.

Али рече дека Хабиб му ја зел душата на Мек Грегор и не му ја вратил. Конор, пак, тргна во офанзива и сподели објава во која се тврди дека луѓето во Дагестан прават инцест.

Абделазис продолжи со напади и навреди и рече дека сонува да го сретне Мек Грегор во живо. Озлогласениот му напиша кратка и јасна порака на Али.

„Те мразам, брате. Ќе славам кога ќе умреш“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON