Мек Грегор: Благодарам за навредите, лицемери

Конор Мек Грегор реши да одговори на неколкумина критичари кои не беа задоволни од неговата последна случка во Франција.

Големата ѕвезда на УФЦ во еден бар и мавтал со онаа работа пред една млада жена која сакала да оди во тоалет. Згрозената жена поднела жалба до полицијата, а Мек Грегор е приведен и подоцна ослободен.

Во моментов се води истрага и ќе бидат прегледани снимките од безбедносните камери. Уште еднаш, „Озлогласениот“ е вовлечен во скандал, а многумина не го сакаа тоа. На својот профил на социјалните мрежи Мек Грегор одговори на неколку коментари и подоцна го избриша напишаното.

„Човече, не можам да продолжам вака. Тука сум смачкан“, напиша Мек Грегор.

Неколку минути подоцна, Мек Грегор одговори на друг обожавател кој очигледно работел на програма за спречување самоубиства.

„Се занимаваш со превенција од самоубиство, но сепак ме исмејуваш на овој онлјан начин во овој ужасен момент од мојот живот. Се обидувам да останам силен за моите деца и луѓето кои се потпираат на мене и кои ме сакаат и ме поддржуваат. Ви благодараме за навредите, лицемери“, одговори Конор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON