Мејведер, за да се бори со Мек Грегор и Хабиб, бара неверојтани 600 милиони долари

Поранешниот боксерски шампион, Флојд Мејведер, бара неверојатни 600 милиони долари за повторно да влезе во рингот.

Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Флојд Мејведер, во 2017 година боксираше со УФЦ ѕвездата Конор Мек Грегор и го победи со технички нокаут во 10. рунда.

Во последните неколку месеци, повторно се интензивираа шпекулациите за втор боксерски дуел, но и за бокс меч на Мејведер со уште една УФЦ ѕвезда, Хабиб Нурмагомедов.

Флојд Мејведер кој минатата година и официјално се пензионира како непоразен боксер, изјави дека е подготвен повторно да влезе во рингот и тоа со двете УФЦ ѕвезди во еден ден, но за тоа да се случи бара неверојатни 600 милиони долари, по 300 милиони од борба.

„Разговарав со претседателот на УФЦ, Дана Вајт за борба против Конор Мек Грегор и Хабиб и за тоа барам 600 милиони долари. Сакам да се исплати ризикот доколку веќе влегувам во рингот. Моментно во светот на боксот немам причини да влегувам со обичен борец. Бокс мечот со Конор донесе многу пари. Не сакам да влегувам во рингот против боксер кој зад себе има само град. Доколку ме сакаат во рингот, тогаш мора целата држава да биде зад борецот“, истакна Мејведер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON