Хистеријата околу Флојд Мејведер не престанува дури и по официјалното објавување на крајот на неговата боксерска кариера. Непоразената боксерска ѕвезда неколку пати во интервјуа потврди дека нема намера да се враќа во рингот. Тој откри дека одбил девет цифрена сума, предложена од телевизиската компанија „Шоутајм“, за потпис на нов договор. Американецот остануваљ во боксот, но како промотор. Тој организираше галавечер во вторникот, при што седна до коментаторите на телевизиската емисија. Логичните прашања не задоцнија.
„Јас нема да се вратам, но ….. едноставно сум среќен да бидам од другата страна на јажињата“, рече мистериозно Флојд.
Неговите уметнички вештини за привлекување на поголем интерес кај гледачите е деловен. Дали тоа нема да биде почеток на „изненадувања“, враќање и евентуален втор меч со Мани Пакијао.