Флојд Мејведер тренира со повредени раце и со распукана усна. Ова го откри новинарот Дејвид Мајо, кој со години ја следи кариерата на американската боксерска ѕвезда. Непоразениот шампион се подготвува за мечот со Мани Пакијао на 2 мај во својата сала во Лас Вегас.
„Ги видов повредите, бидејќи присуствував на спаринг мечот. Почувствува болка, а на зглобови на рацете имаше лузни. По завршувањето на тренингот, Флојд отиде до едно од огледалата во салата и го погледна расцепот на усната“, кажува Мајо.
Според новинарот, сите овие проблеми тешко дека ќе станат причина за одложување на долго чеканата битка. Пакијао исто така има проблеми. Неговите нозе на два пати имаа грчеви.