Поранешниот светски првак заработил дури 780 милиони евра во последните 10 години.
Мани, според неговиот прекар, го одигра својот последен бокс меч во 2017 година кога со прекин го победи ММА мегастарот Конор Мек Грегор во Лас Вегас. Тоа беше негова 50-та победа во исто толку натпревари. После тоа, се зборуваше за можното враќање, но веќе немаше професионални натпревари.
Поранешниот светски шампион оствари повеќе од милијарда евра за време на својата кариера, со само двајца други спортисти во клубот на милијардери – легендарниот кошаркар Мајкл Џордан и голферот Тајгер Вудс.
Португалската фудбалска sвезда Кристијано Роналдо го зазеде второто место на списокот со заработувачка во последните 10 години со 640 милиони евра. Интересно е што на почетокот на деценијата, Роналдо беше само 13-ти спортист во светот според годишните приходи.
Зад Мејведер и Роналдо е ѕвездата на НБА, Леброн Џејмс со 606 милиони евра. Џејмс е единствениот спортист со тенисерот Роџер Федерер кој е меѓу 10-те најплатени спортисти во секоја од десетте години од последната деценија.
Меѓу првите петмина е и аргентинскиот фудбалер Лионел Меси со 605 милиони евра и еден од најдобрите тенисери на светот ,Швајцарецот Роџер Федерер со 572 милиони освоени во последните 10 години.
Списокот на ТОП 10 спортисти со најголема заработувачка во последните 10 години :
1. Флојд Мејведер (боксер од САД) – 780 милиони евра
2. Кристијано Роналдо (Португалија – фудбал) – 640
3. Леброн Џејмс (САД – кошарка) – 607
4. Лионел Меси (Аргентина – фудбал) – 605
5. Роџер Федерер (Швајцарија – тенис) – 572
6. Тајгер Вудс (САД- голф) – 553
7. Фил Микелсон (САД – голф) – 428
8. Нејмар (Бразил – фудбал) – 357
9. Мани Пакијао (Филипини бокс) – 350
10. Луис Хамилтон (Велика Британија – Формула 1) – 342.