Мејведер со видео ги откри плановите за Јапонија (ВИДЕО)

Големата бокс легенда Флојд Мејведер очигледно е сериозен во врска со новиот проект во Јапонија. Пред една недела „Пари“ откри дека планира повторно да се врати во Токио за да договори нов ангажман со Ризин.

43-годишниот Американец на крајот на 2018 година настапи на Ризин и ја понижи јапонската кик бокс ѕвезда Тешин Насукава во бокс меч.

Флојд три пати го прати во нокадаун младиот Јапонец и го победи со технички нокаут за 2 минути и 18 секунди. Нивната борба беше од егзебициски карактер и не влезе во статистиката на ниту еден спортист. Мејведер заработи 9 милиони од овој настап и јавно е подготвен за нова авантура во земјата на изгрејсонцето.

Ова видео го сподели Флојд за тоа што планира да направи во Јапонија:

https://www.instagram.com/p/CCsVb6XFpw-/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON