Мејведер се прогласи за најдобар на сите времиња, прескокнувајќи ги Али и Тајсон

Флојд Мејведер се прогласи самиот себеси за најдобар боксер на сите времиња.

Непоразениот долгогодишен шампион е во пензија веќе три години, а во неа замина со 50 победи.

„Добро, ајде да одиме вака. Прво, Мејведер, а потоа одиме со Пернел Витакер, Роберто Дуран, Лери Холмс и Арон Пјор, истакна Флојд, а потоа додаде зошто смета дека Лери Холмс е најдобар од сите тешкаши, вклучувајќи ги Мухамед Али и Мајк Тајсон:

Тој ги победи сите, а кога Тајсон го доби, беше претепан од гладен млад шампион. Тој имаше сè, беше константен од првиот до последниот ден во неговата кариера“, објасни Флојд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON