Флојд Мејведер е решен да ги среди шампионот на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор по втор пат. Хабиб го предизвика Мејведер на борба по триумфот против Мек Грегор, а Американецот нема никаков проблем повторно да се активира во рингот.
Боксерот најави дека тоа ќе биде спектакуларна борба, но дека истата ќе се одржи по негови правила и под услов да заработи чек од девет цифри.
„Ако сака борба, се знае кој е тука главен. Тој ме предизвика мене, па затоа треба да дојде на мојот терен, во мојот свет и да игра по моите правила. Никој во историјата не го направил она што јас го направив и никој нема заработено толку многу пари. Јас можам да бирам како ќе се одвиваат работите. Нека ги подготват чековите, овој меч ќе биде одржан“, изјави Мејведер.
Американецот најави дека повторно би можел да ги одмери силите со Мек Грегор, кого веќе еднаш го совлада во боксерскиот ринг.
„Мек Грегор во последно време зборуваше многу ср..а, така да и таму не сме завршиле со некои работи. Кога ќе го завршам Хабиб, Конор ќе добие шанса повторно да влезе во рингот со мене“, додава Мејведер.