Пред неколку дена во Москва Американецот, Флојд Мејеведер, го собори рекордот за најмасовен тренинг.
Боксерот водеше мајсторска класа со 791 човек, со што го собори рекордот за 283 лица. Дипломата Мејведер за постигнатиот рекорд му беше врачена од официјалниот судија на „Гинисовата книга на рекорди“, Софија Гринел.
За време на настанот Флојд покажа различни удари и вежби од неговите тренинзи.
Капак на сè беше и подарокот од организаторите – нов патнички автомобил „Лада“.