Мејведер официјално се врати на боксот и сака меч со Мек Грегор во јуни

Најпоскауваниот дуел наскоро може да стане реалност. Боксерската легенда Флојд Мјеведер официјално го прекина повлекувањето од боксот и се очекува во јуни да се сретне со УФЦ ѕвездата Конор Мек Грегор.

„Денес официјално го прекинувам повлекувањето од боксот поради Конор Мек Грегорc. Не сакам повеќе да губиме време. Треба да ја направиме оваа битка што е можно побрзо. Да ја направиме во јуни“.

Што значи тоа? Дали е уште провокација Иако изгледа така, факт е дека во последно време Мејведер прави се што е можно за да излезе на рингот против Ирецот.

„Не сакам повеќе да слушам изговори за пари, за УФЦ. Потпиши договор со УФЦ, па да може да се бориш со мене во јуни. Лесно и едноставно. Ајде да се бориме во јуни. Не сме тука за да се жалиме за пари. Уморен сум од тоа жалење и да ти ги слушам празните муабети. Ако сакаш да се бориш, потпиши го договорот и да го направиме тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON