Мејведер одбил „селфи“ со обожавател – имал лакирани нокти (ВИДЕО)

Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Флојд Мејведер, се најде во центарот на вниманието на американската јавност, но не поради закажана нова борба, туку поради едно обично – „селфи“.

Тој беше критикуван на социјалните мрежи поради фактот што одбил да се фотографира со обожавател само поради фактот што тој имал – лакирани нокти. На Твитер се појави видео на кое се гледа како Мејведер токму поради ноктите одбива да застане покрај својот фан.

„Имаш лакирани нокти. Не се фотографирам со ликови како тебе“, му порачал боксерот.

Секако, главна причина за нападите врз Мејведер е тоа што искажал хомофобија, што сега дефинитивно не е во мода и тоа не само во САД туку и во целиот свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON