Непоразениот поранешен шампион во бокс, Флојд Мејведер категорично одрече дека нема намера повторно да се враќа на професионалниот ринг, какви шпекулации се појавија во последните денови во различни медиуми.
„Среќен сум откако завршив. Повеќе нема да се борам. За какви и да е пари. Тие не се од значење“, категоричен е 40-годишниот Американец, кој има 50 победи во рингот. Последната од нив беше против ирската ММА ѕвезда, Конор Мекгрегор со технички нокаут пред неколку месеци.
Floyd Mayweather heats rumours of a shock ring return https://t.co/mfApOktOpN pic.twitter.com/KfqfPyzawP
— The Sun (@TheSun) October 19, 2017
Во последните години, Мејведер даде десетици слични изјави, но и покрај тоа одлучи повторно да ги стави ракавиците за големиот натпревар со Мекгрегор.
.