Мејведер: Не би имал ништо против да ја организирам борбата Пакијао – Гарсија

Мани Пакијао ја користи секоја можност уште еднаш да искаже интерес за реванш со Флојд Мејведер пред (повторно) да се пензионира.

41-годишниот Американец за сега нема намера да му се враќа во рингот, но е подготвен да соработува со својот поранешен ривал.

Пакијао, чија кариера долги години ја водеше Топ ранг, сам ја организираше последната борбата против Лукас Матис во Малезија и планира да го прави и понатаму.

„Не можам да му забележам на Мани Пакијао за она што зборува, тоа е негово право. Ако и понатаму сака да влегува во рингот и да заработува и да победува тоа е негово право. Го прави она што го сака“, изјави Мејведер за Фајт хип.

„Немам ништо против Мани Пакијао. Се разбира дека и би требало да го прозива името на Мејведер. Јас најверојатно ќе бидам  едно од најголемите имиња во историјата на овој спорт. Ако не и најголемото. Кога ќе го предизвикате Мејведер, вие зборувате за долари“.

„Веќе не правам толку многу интервјуа, но ме праша веројатно седум пати за тоа, еден човек ми рече: Зошто се плаши оде борба со Пакијао? Како да не беше доволно што го победив еднаш“.

„Беше како што беше. Пакијао е иднинот член на Куќата на славните, ѓаволски шампион и ѓаволски добро момче. Но, подобриот победи и јас бев подобар. Всушност, по овој разговор ќе го повикам Пакијао и ќе видиме што може да направиме за него. Има многу добри противници за него. Не би имал ништо против да ја организирам борбата Пакијао и Гарсија“.

Пакијао се уште планира сам да ги промовира своите борби, а освен Гарсија како потенцијални противници се спомнуваат Васил Ломаченко и Амир Кан.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON