Чичкото на Флојд Мејведер Јуниор, Џеф Мејведер, потврди дека неговиот внук планира да се бори со УФЦ двојката Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов во ист ден во историска пресметка која би донела милиони за тројцата борци.
„Флојд ја разгледува можноста да се бори со Мек Грегор и Хабиб во ист ден, што лесно може да се оствари. Веќе имаше преговори со претседателот на УФЦ, Дана Вајт за овој договор. Флојд е пензиониран и веќе не е на врвот на неговиот спорт, но лесно ќе ги победи двајцата – еден наутро, еден навечер. Двоен плати па гледај, многу скапо. Ќе го нокаутира Конор прво, а потоа и Хабиб. Флојд секогаш планира работи и зошто би се пензионирал. Зошто да не им ги земе парите? Нема да го допрат“, вели Џеф Мејведер.
Самиот Мејведер минатата недела најави дека е отворен за идејата за римеч со Мекгрегор, но и меч со Хабиб. 42-годишниот Американец ги зголеми шпекулациите со своите постови на социјалните мрежи, откако на Инстаграм најави „Мејведер-Мек Грегор 2, 2020“. Дејна Вајт не ја крие желбата да обезбеди втор меч Мејведер-Мек Грегор, откако првиот меч беше еден од најбогатите во историјата, а самиот Мејведер со нокаут во 10-тата рунда заработи 100 милиони долари.