Мејведер му порача на Хабиб: Многу зборува, и него ќе го решам како Конор

Флојд Мејведер ќе има егзебициски меч со Таншин Насуакава на Нова година во Јапонија, но го чепна и Хабиб Нурмагомедов, затоа што до пред еден месец даваа изјави дека сакаат да борба меѓу нив, но во последно време страстите се намалија.

„Јас сум најпознатото лице во боречките спортови и тука нема дилеми. Без разлика дали е во прашање бокс или ММА, јас сум главно лице на се. Не сум загрижен за тие момци, Конор Мек Грегор многу зборуваше, но знае што му се случи. Сега Хабиб исто така многу зборува и ако навистина сака да се проба со мене, да влезе во ринг, ќе го решам и него како Конор. Ако се случи тоа, супер, ако не дојде до таква борба, пак е супер бидејќи јас во секој случај ќе живеам прекрасен живот“, изјави самобендисаниот Мејведер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON