Мејведер му понуди на Мек Грегор 15 милиони долари за борба (ВИДЕО)

Mejveder Mekgregor

Флојд Мејведер отворено призна дека Конор Мек Грегор е првото име за 50-тата борба во професионалната боксерска кариера.

Поранешниот најдобар боксер на светот не се борел од септември 2015 година, кога се пензионираше по победата над Андре Берто. 39-годишниот Американец го дели една победа од соборувањето на рекордот на Роки Марчијано, со кого се изедначи на 49 победи и 0 порази.

Во меѓувреме, многу се зборуваше за потенцијален судир со МЛД ѕвездата Конор Мек Грегор.

Гоостувајќи на ЕСПН „Мани“ изјави дека на Мек Грегор му понудил 15 милиони долари за бокс меч.

„Конор Мек Грегор постојано зборува дека сите ја сакаат оваа борба. Ајде тоа и да го направиме“, рече во Фрст тејк.

„Се обидовме да договориме борба со Мек Грегор. Мојата бројка е загарантирана 100 милиони долари. На него му понудивме 15 милиони“.

„Ние сме А страна и не знам колку заработил тој, но прилично сум сигурен дека не заработил ни 10 милиони долари за ММА борба. Можеме да разговараме за поделбата на ППВ/PPV, но ние сме А страна. Како може некој да зборува за 20 или 30 милиони долари, а никогаш не заработил ниту осум или девет“?

„Ќе има ли борба? Работиме на тоа. УФЦ и Дана Вајт одиме. Доведете го во боксерскиот свет и јас ќе му покажам како е тоа“.

Ирецот неодамна доби боксерска лиценца во државата Калифорнија.

Делот за Мек Грегор започнува во 10:30 часот.

https://youtu.be/bCuJPcDzVKY

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON