Флојд Мејведер, кој често пати се фалеше и се расфрлаше со заработените пари од бокс мечевите, како и од обложувањето, се покажа во едно поинакво издание.
Мејведер стана хит на социјалните мрежи со пораката која ја испрати до сите славни личности во САД. Славниот шампион застана на една улица во Америка со цел да му помогне на едно изнемоштено лице во инвалидска количка и му изброја 1.000 долари и му ги даде за да има подобар живот во наредниот период.
Тој видеото го сподели на социјалните мрежи и ги повика сите славни личности да го следат неговиот пример.
Floyd Mayweather wants celebrities to take part in the #GivebackChallenge! 💵🙌💯 @FloydMayweather pic.twitter.com/aypSYOsXBV
— WORLDSTARHIPHOP (@WORLDSTAR) October 1, 2018
.