Флојд Мејведер оваа недела се потсети на борбата против Конор Мек Грегор во 2017 година и тврди, доколку сакал, дека можел да го победи во „две или три рунди“.
Во еден од најголемите борбечки спортски настани на сите времиња Мејведер се соочи со иконата на УФЦ Мек Грегор во Т-Мобилеe арената во Лас Вегас, последниот од 50-те професионални боксерски мечеви на „ТБЕ“.
Без изненадување за повеќето луѓе во светот на боксот, Мејведер ја доби борбата со прекин, запирајќи го исцрпениот Мек Грегор во 10. рунда.
Меѓутоа, во неодамнешното интервју за Фајтхип Мејведер рече оти тврдењата дека малку го разочарал Мек Грегор се донекаде вистинити и дека „луѓето би биле вознемирени“ доколку порано го победил Ирецот.
Дури и за борбата со Конор Мек Грегор, не тренирав толку напорно колку што можев да тренирам.
Мило ми е што борбата се случи како што се случи, бидејќи тоа значи дека луѓето добија спектакл за своите пари“.
Мејведер многупати по таа вечер зачекори во рингот, но само во егзибициски мечеви кои не влегоа во неговата официјална статистика.
Во она што тој самиот го опишува како легални грабежи на банки, Мејведер влезе во борби со јутјубери, риалити телевизиски ѕвезди, кикбоксери и речиси секој друг што сака да влезе во рингот со него за вистинската сума.
Мек Грегор не боксираше по поразот од Мејведер, но сега се поврзува со борбата со Џејк Пол, кој штотуку го победи поранешниот противник на Мек Грегор, Нејт Дијаз.