Мејведер: Конор е ѓаволски добар борец

Иако го нарече „кучка“, Флојд Мејвдер ги призна импресивните вештини и сила кои ги поседува Конор Мек Грегор.

„Ова е бокс меч, тој е проклето добар борец во стоечка позиција, не можам да не го признаам тоа“, рече Флојд за време на интервјуто со ДЈ Ху Кид на каналот на Eminem SiriusXM Shade 45.

Навистина, седум од победите на Конор во УФЦ се со нокаут, а другите две против Макс Холовеј и Нејт Дијаз повторно беа во стој.

„Единствениот пат кога Мек Гргеор беше поразен, тоа беше на подот. Кога битката се развива во исправена положба, тој секогаш победува“, изјави Флојд, кој ги признава способностите на Ирецот да боксира.

„Тој има моќен удар, тежок ривал е, јас сум добар противник и треба да и се даде на навивачите она што сакаат да го видат: силни чувства“.

Иако Мек Гргеор веќе го потпиша договорот за мечот, Флојд се уште не го сторил тоа, но вели дека ќе се случи во најскоро време.

„Сакам да кажам, штом ќе се вратам во Лас Вегас, во мојот центар, ќе се разбере како сето тоа ќе се случи. Знаете, ќе разговарам со Ал Хејмон. Ќе контактирам и со Леонард Елербе. Ќе седнеме и ќе видиме што може да смислиме и се надевам дека оваа битка ќе се случи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON