На сите им е јасно дека мечот меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор речиси сигурно ќе се одржи. Преговорите за него продолжуваат, а се очекува наскоро да има официјално соопштение дека е решен мечот.
Самиот Флојд потврди дека е подготвен да се бори со Мек Грегор.
„Има само еден меч кој има смисла од бизнис гледна точка. Ја прекинав кариерата, бидејќи сум бизнисмен и сакам да му го дадам на светот она што сака да го види. Мек Грегор е борец. Јас, исто така сум борец. Тоа е средбата која навивачите ја сакаат“, реќе Мејведер.
Тој откри дека се уште не води официјални преговори со УФЦ и Дана Вајт, но има подготвеност за тоа.
„Има тим за преговори. Штом тие се поврзат со нас, дуелот ќе се случи“.
Флојд потврди дека нема никаков интерес за дуел со друг ривал, освен со Конор Мек Грегор.